Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитров најави камбек – „имаме проблем како граѓани, работите не ни се добри во државата“
Македонија

Димитров најави камбек – „имаме проблем како граѓани, работите не ни се добри во државата“

13/04/2023

AA

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров вели дека ако мислиме само дека со промена на власта ќе си ја средиме државава, грешиме, мора да го смениме системот.

Тој на ТВ21 потврди дека се подготвува да се врати на политичка сцена, но рече дека во следниот период ќе открие повеќе околу тоа.


„Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидат активен. Никогаш не сум бил член на партија, сум работел речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета“, вели Димитров.

Тој додаде дека за неколку недели ќе обзнани јавно во каква форма ќе биде неговото враќање.


„Јас во блиска иднина ќе обзнам на јавноста во каква форма ќе делувам. Не би можел сега тој план да го обазнанам. Тоа што можам да кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата. Тој проблем нема да ни го реши друг. Можат да ни помогнат нашите пријатели од Брисел и Вашингтон. Политичките партии нема да се разбудат едно утро и да речат „малку претеравме можеби треба поинаку сега, подобро, на друг начин да ја водиме политиката“. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават. Првиот чекор е да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите. Ќе има мегдан ќе ги кажам моите битки“, порача Димитров

Димитров додаде дека подолго време немал комуникација со поранешниот премиер, Зоран Заев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41500
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy