Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ
Македонија

Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

26/04/2024

AA

ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија која ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп што им се случува, ниту, пак, ќе се вклучи во каков било тип на соработка и идна соработка за формирање на какво било мнозинство со нив, порача вечерва лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

-ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција, во која ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер, а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна и е сериозна реформа, за да може да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава, рече Димитриевски во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека ќе разговараат со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес.

-Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европската Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме  и претставивме пред граѓаните, посочи Димитриевски.

Не ја отфрли можноста да учествува во коалиција со албанската опозиција.

-Јас веќе во Куманово функционирам со една коалиција од албанскиот блок, тоа се веќе четирите партии, коалицијата ВРЕДИ. Имам добро искуство, рече Димитриевски.

Во однос  на барањата за промена на процентите со јазик, изборот на претседател во Собрание, Димитриевски потенцира дека тоа апсолутно отпаѓа и нема да се дискутира воопшто од нивна страна за тоа.

-Доколку се отвори јавна дебата, ќе ја ислушаме, но нашиот став е дефинитивно јасен. Доколку бидеме одбиени од сите политички субјекти кои доаѓаат од моноетничките партии, ставот го имам кажано, да се формира влада со политички партии кои имаат мнозинство, а ќе има отворени места за претставници од албанскиот политички блок, посочи Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42378
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле без дозвола, а двајца под

11/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy