Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е исмевање на правдата и невиден преседан
Македонија

Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е исмевање на правдата и невиден преседан

24/02/2026

AA

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати остра критика до судските власти по одлуката за одредување куќен притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Димитриевски оцени дека овој случај, каде лице по 14-месечно бегство се враќа во државата и по само еден распит заминува дома, претставува потврда за нефункционалноста на правосудниот систем.

Димитриевски, кој себеси се дефинира како легалист, посочи дека е недозволиво некој кој свесно ја избегнувал правдата повеќе од една година, веднаш да добие повластен третман. Тој потсети дека кога самиот бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта и го повикал и Груби на истото, но наместо соочување, Груби одбрал бегство. Според него, со вакви потези државата ја губи својата сериозност пред сопствените граѓани.

Градоначалникот директно ги повика Советот на јавни обвинители и Републичкиот судски совет во целост да ја преиспитаат оваа постапка.

„Доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите мора да се санкционираат. Во спротивно, ништо не се менува. Сакаме во Европа, но за тоа ќе мора да ги делиме европските вредности во поделбата на правдата“, истакна тој.

Во својата изјава, Димитриевски ги стави во иста група Артан Груби и Сашо Мијалков, посочувајќи дека денеска и двајцата се чувствуваат како слободни граѓани наспроти тежината на случаите. Тој иронично потсети на промоцијата на проектот за Коридорот 8, од каде по Груби остана само симболичната маичка пред неговото исчезнување од државата.

„Мене како граѓанин ваквото однесување и постапката за ставање во куќен притвор не ме задоволува. Останува на судските власти да објаснат дали ова е исправно“, заклучи Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРАВ ВЛАДЕЕ ВО СЕЛАТА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Поради серискиот убиец

24/02/2026
Македонија

Малолетници тепале врсник и го снимале со телефон во Карпош

24/02/2026
Македонија

Кошаркарски спектакл во „Градски парк“: Македонија против Луксембург в петок!

24/02/2026
Македонија

Приватните превозници стабилизирани: Надминати техничките проблеми, парите исплатени!

24/02/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТ 1 ТОН МАРИХУАНА ОД ГРИН ЛАЈФ ОД ВАЛАНДОВО На

24/02/2026
Македонија

Општина Тетово со нови протоколи по серијата закани за поставени

24/02/2026
Македонија

Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е исмевање на правдата и

24/02/2026
Македонија

ЛОВЏИИТЕ НАШЛЕ УГИНАТ РИС НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД Надлежните со обдукција

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41879
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРАВ ВЛАДЕЕ ВО СЕЛАТА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Поради серискиот убиец некои жители ги напуштиле домовите

24/02/2026

Страв и неизвесност владее помеѓу населението во руралните места од општина Старо Нагоричане, откако полицијата уапси 25-годишен жител на село

Малолетници тепале врсник и го снимале со телефон во Карпош

24/02/2026

Малолетник бил нападнат физички од двајца малолетници. При нападот едниот од нив снимал со мобилен телефон. Според пријавата, тие меѓусебно

Кошаркарски спектакл во „Градски парк“: Македонија против Луксембург в петок!

24/02/2026

Македонската кошаркарска федерација официјално ја започна продажбата на билетите за претстојниот дуел на нашата репрезентација против селекцијата на Луксембург. Натпреварот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy