Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриеска Кочоска: Се давало помош на компании, без да се знае дали ја зголемиле продуктивноста
Економија

Димитриеска Кочоска: Се давало помош на компании, без да се знае дали ја зголемиле продуктивноста

26/10/2024

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во синоќешното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека ќе биде потребно време за да се стабилизира задолжувањето на земјата на долг рок, но при тоа истовремено и финансираните проекти да бидат продуктивни. 

Како една од причините за високите стапки на задолжување ја наведе државната помош и субвенциите за компании, за кои не се знае дали потоа од тоа имало ефект.

– Ако во минатите години сте фаворизирале во континуитет потрошувачка и при тоа сте носеле мерки – сте поддржувале инвестиции кои што во моментот никаков резултат не даваат, затоа што сте ги давале парите и не сте контролирале дали тие компании, на кои што сте им дале, дали навистина инвестирале и имаат некое зголемено производство, додадена вредност, итн, тогаш се случува ова што се случува да имаме уште поголеми задолжувања, рече Димитриеска Кочоска која е на средби со Светска банка во Вашингтон.

Таа наведе дека доколку државата сака капитални инвестиции, мора да се задолжува, но тие проекти треба да донесат раст на БДП.  Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг.

-Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст, рече министерката за финансии.

Димитриеска Кочоска додаде дека е, како што рече самата, голем поддржувач на Законот за нефер трговски практики, од кого има очекувања во стабилизирањето на цените и инфлацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
Македонија

ДОЛГОТРАЈНИТЕ СУДЕЊА СЕ САМО ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА Имаме болна

16/02/2026
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41507
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење за петте кандидати

16/02/2026

Советот на јавни обвинители утре на својата 38-ма седница ќе ги разгледува кандидатурите за нов јавен обвинител на Република Северна

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026

Две лица добија кривични пријави за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“, соопшти МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026

Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп. Неговата мајка Роза Илиоска на социјалните мрежи упати апел за помош за пронаоѓање на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy