
Димитар Апасиев доби ќерка – Сара
Претседателот на политичката партија Левица и пратеник, Димитар Апасиев, и неговата сопруга Тамара, станаа родители на женско дете. Веста за раѓањето на нивната ќерка, која го доби името Сара, ја објави самиот Апасиев на социјалните мрежи вечерта на 11 јуни 2025 година.
Апасиев сподели фотографија од болничката соба, на која е заедно со сопругата, и напиша: „Се роди Сара. Фала ви на сите. Па и на ваши глави!“ Оваа објава предизвика бројни реакции и честитки во јавноста.