Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НЕ НЕ НЕШТО ШТО Е УБАВО ДА СЕ ИМА, ТУКУ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ИМА За 166% порасна бројот на корисниците на порталот за услуги
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НЕ НЕ НЕШТО ШТО Е УБАВО ДА СЕ ИМА, ТУКУ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ИМА За 166% порасна бројот на корисниците на порталот за услуги

27/02/2026

AA

Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Според податоците за 2025 година, порталот за услуги оствари 290% раст на издадените услуги и 166% раст на корисниците.

– Со овој раст порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата. Јас сум многу задоволен како граѓаните го препознаваат и како го користат. Успешноста ја мериме преку бројки – рече министерот Андоновски во гостување на Телма.

Денес порталот е динамична платформа, додаде министерот, која генерира 3 до 4 нови услуги месечно.

– Ако имавме еден портал кој што беше непрепознатлив и луѓето не сакаа да го користат, денес имаме портал кој што генерира 3 до 4 нови услуги месечно, а кои граѓаните најмногу ги користат – додаде Андоновски.

Во врска со предизвиците околу дигиталната трансформација посочи дека определени институции процесите ги водат со значителна динамика, но има и институции кои имаат „страв“ или немаат воспоставен процес на дигитализација.

– Дигитализацијата не е процес на една Влада или на едно Министерство. Ова треба да биде процес на секоја институција – и на законодавната и на извршната и на судската власт. Дигитализацијата веќе не смее да се сфаќа како нешто што е убаво да се има, туку како нешто што е задолжително да се има – истакна Андоновски.

 

Тој очекува годинава да се заокружи процесот за „Роаминг како дома“ со ЕУ и смета дека почнатите активности во меѓувреме ќе ги мотивираат телеком операторите да им излезат во пресрет на граѓаните со трошоците при патување во странство.

– Минатата година имаше определено поместување кај еден од операторите со надолно регулирање на цените во роаминг, кај другиот оператор имаше други политки, попусти или дополнителни погодности, така што мислам дека ова ќе ги мотивира операторите. Имаме добра соработка со нив. Овој дел, поддршката на граѓаните кога патуваат навистина не е голема сума за нив, а за граѓаните е голема погодност да не мора да вадат нова сим картичка, туку едноставо да го активираат пакетот од некој од домашните оператори – рече Андоновски.

Говорејќи за придобивките оцени дека „Роаминг како дома“ е едно ниво подолу од визната либерализација.

– Во време на дигитализација да им дозволите на сопствените граѓани слободно да патуваат и притоа да не треба да трчаат до трафика да најдат сим картичка или да бараат која сим картичка е прифатена во таа држава, да плаќаат дополнителни трошоци или да имаат скриени трошоци кај своите домашни телеком оператори ако некој случјано им заѕвони на телефонот, а се некаде во Европа, е навистина нешто што е придобивка од заедничкиот пазар – посочи Андоновски.

Според него, ако постоел притисок од регионот и од Македонија порано ќе сме го фателе рокот и со Украина и со Молдавија.

– Процесот доби на динамика кога побара Украина, поради миграцијата од војната, но кога ќе ги исполните условите дома многу е лесно да лобирате – рече Андоновски.

Тој вели дека е неблагодарно да кажува рокови за завршување на преговорите и да се ефектуира одлуката за „Сурфај како дома“. Повтори дека државава ќе ги исполни своите обврски до средината на март само ако добиеме позитивен одговор од ЕУ дека законот е добар и законодавството е добро транспонирано.

– Потоа влегуваме во преговори. Ќе зависи и од ЕУ, од институциите во Европската Комисија, но и од земјите членки. Но, да бидам оптимист дека годинава можеме да го заокружиме овој процес – наведе Андоновски.

Најави и деека за првпат ќе се донесе стратегија за развој на медиумите.

– Стратегијата ќе ја носиме бавно, со широки дискусии. Веќе почна со работа работна група, во рамки на еден поголем ИПА проект. Ќе донесеме решение за сите предизвици, дали е закон за МИА, дали е закон за МТВ, за аудиовизуелни медиумски услуги… Мора да носиме закони што ќе ни ги поткреваат стандардите и ќе ни даваат простор за развој. Треба да се поттикнува развојот на сите медиуми, независноста, транспарентноста и чесните правила на игра – рече министерот Андоновски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛА И ЗАКОНИ Полицијата и

28/02/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДО УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО ДЕКА СЕ ПОСТАВЕНИ

27/02/2026
Македонија

За долг од 200 денари, граѓанин треба да плати 500

27/02/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НЕ НЕ НЕШТО ШТО Е УБАВО ДА СЕ ИМА,

27/02/2026
Македонија

„БЛОКАДАФЕСТ“ ПРЕД „УСЈЕ“: Граѓаните бараат чист воздух, фабриката тврди дека

27/02/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ МАГЛАТА И СТУДЕНИТЕ УТРА Сончево време со мала

27/02/2026
Македонија

ДА ЗАПРЕ СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ КОИ

27/02/2026
Македонија

ИСТОРИЈАТА БЕШЕ ГЛАСНА, НО ИДНИНАТА МОРА ДА БИДЕ ЈАСНА Албанскиот

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42044
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛА И ЗАКОНИ Полицијата и натаму лови возачи без дозвола,

28/02/2026

Седум возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден во полициски контроли спроведени низ државата, откако биле фатени

ТИНЕЈЏЕР ИСПРАЌАЛ ПОРАКИ ДО УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО ДЕКА СЕ ПОСТАВЕНИ БОМБИ Полицијата го уапси и

27/02/2026

Уапсен е тинејџер од тетовско, осомничен дека во повеќе училишта во Тетово испраќал дојави за поставени бомби. „На 27.02.2026 во

За долг од 200 денари, граѓанин треба да плати 500 евра на извршител

27/02/2026

Минимално доцнење со плаќањето на тековните сметки може да ги чини граѓаните цело богатство. Претседателката на Комората на извршители, Весна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy