
ДЕВЕТ КОЛУМБИЈКИ ПРОТЕРАНИ ОД МАКЕДОНИЈА Полицијата затекна 13 жени во локал, казна за странски државјанки

Девет Колумбијки биле приведени во гостиварско, откако полицијата ги затекнала во угостителски објект во селото Добридол и утврдила дека го злоупотребиле туристичкиот престој во државава. Заедно со нив биле затекнати и четири македонски државјанки.
Според информациите, акцијата била спроведена вчера околу 01:30 часот, кога полициските службеници влегле во објектот и на лице место затекнале вкупно 13 жени. Деветте странски државјанки – П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е. (34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В. (20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26) и П.М.М.М. (32) – биле приведени веднаш поради сомнеж за незаконска активност.
Колумбијките добиле парични казни, а Основниот суд Гостивар им изрекол и забрана за влез во Македонија во траење од една година.
.
