
ДЕСЕТТА ЖРТВА – Почина девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во Белград
Во Детската клиника во Тиршова утрово почина девојчето кое беше тешко повредено во масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај, потврдија за РТС од Министерството за здравство.
Девојчето кое беше најтешко повредениот пациент по масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ почина во Детската клиника во Тиршова, јавуваат српските медиуми.
Како што соопшти Министерството за здравство, и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување, утрово починал пациент кој бил лекуван со тешки повреди опасни по живот на Универзитетската детска клиника во Тиршова.
Министерката за здравство Даница Грујучиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.
Во масовното пукање во училиштето во Врачар, што се случи на 3 мај, загинаа осум ученици и еден чувар.
Девојката од Тиршова е десеттата жртва на монструозното злосторство.

