Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ниту земјотресот не ја разниша поддршката за Ердоган: Како гласаа регионите уништени од земјотресот
Македонија

Ниту земјотресот не ја разниша поддршката за Ердоган: Како гласаа регионите уништени од земјотресот

15/05/2023

AA

Иако многумина очекуваа дека несоодветниот одговор на катастрофалниот земјотрес што ја опустоши Турција ќе му ги „пресече крилјата“ на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган и ќе доведе до негов изборен пораз, тоа не се случи. Напротив, Ердоган освои повеќе од 40 отсто од гласовите во секој од погодените региони, каде луѓето останаа без своите најблиски и без покрив над главата.

Имено, Ердоган е критикуван поради неговата бавна реакција на земјотресите, лошата градба, како и сместувањето на жртвите по земјотресот.

Турскиот претседател во деновите по земјотресот изјави дека одговорот на тимовите за пребарување и спасување не бил толку брз како што можеше да биде. Владата рече дека повеќето од срушените згради биле изградени пред да стапат на сила новите прописи за градење.

Поради ова, многумина очекуваа дека ривалот на Ердоган, Кемал Киличдароглу, ќе ја добие сета поддршка од граѓаните кои живеат во овие региони.

Сепак, резултатите во најпогодените региони од земјотресот покажуваат дека населението силно го поддржувало Ердоган.

На пример, во Кахраманмарас, еден од уништените градови, актуелниот претседател беше убедлив – 71,88 отсто наспроти 22,2 отсто.

Слично е и во Газиантеп, каде Ердоган освои 59,76 отсто од гласовите, додека Киличдароглу 34,65 отсто од поддршката на гласачите.

Од друга страна, во Хатај, уште еден епицентар на земјотресот, и двајцата кандидати освоиле речиси идентичен процент на гласови – 48,03 и 48,07 отсто.

Во регионите каде е ваква ситуацијата треба да се внимава на резултатот на третопласираниот кандидат на ултранационалистот Синан Оган, бидејќи неговите гласови ќе се слеваат кај Ердоган и Киличдароглу, а конкретно во Хатај освои 3,57 отсто.

Малку поинаква ситуација е забележана во Адана, област која исто така беше зафатена од разорни земјотреси во изминатите месеци. Во него убедлива предност има Киличдароглу, кој доби 50,89 отсто од гласовите, додека Ердоган доби 43,92 отсто од гласачите.

Да потсетиме, во земјотресот што ја погоди Турција загинаа најмалку 50.000 луѓе, а уништени се околу 214.000 згради. Само во Турција, 11 големи градови беа речиси целосно уништени, а милиони луѓе ги загубија своите домови.

Тоа предизвика гнев кај турската команда, бидејќи негрижата на државата е една од причините за оваа катастрофа. Во многу случаи, не се почитуваа важечките правила за градба, што ја влоши катастрофата. Во Турција се уапсени 957 лица под сомнение дека се одговорни за несоодветна градба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy