Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето
Економија

Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

18/11/2023

AA

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни  и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на  свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) награди девет ученици и издаде пофалници на уште 28 основци и средношколци кои креираа цртежи, есеи и песни на теми поврзани со значењето на осигурувањето. Тие беа избрани како најдобри во конкуренција на речиси 200 творби на тема осигурување чии автори беа ученици од основни средни училишта ширум земјава.

Воедно АСО додели 20 благодарници на наставници – ментори од различни училишта кои работат со учениците на теми за зајакнување на финансиската писменост со особен аспект на осигурувањето. 

По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на екперти на АСО, денеска ги додели наградите и признанијата на учениците и ученичките од основните и од средните училишта.

Во оваа прилика Шајноски истакна дека градење на свеста за значењето на осигурувањето, на што АСО посветува особено внимание, е неопходен предуслов за подигање на животниот стандард и општата благосостојба во секое општество. На присутните наградени и пофалени ученици им порача дека тие се партнери на АСО во мисијата за градење на култура на осигурување. При тоа се заблагодари на наставниците – ментори за нивниот придонес во зајакнувањето на финансиската едукација.

Со овој настан АСО ги започна активностите по повод „Деновите на финансиска писменост“, а воедно успешно го реализираше јубилејниот 11 по ред Конкурс за избор на теми по повод 1 ноември – денот на осигурувањето. На темите „Осигурувањето ме заштитува од ризици“ , „Моја инвестиција – полиса за осигурување“ и „Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска сигурност“ годинава АСО доби речиси 200 цртежи, песни и есеи од ученици на возраст од 6 до 17 години од неколку десетици основни и средни школи од повеќе градови и населени места ширум земјава.

Деновите на финансиска писменост традиционално седма година по ред ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите (Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување – АСО и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување МАПАС).

АСО во рамки на своите активности по повод Деновите на финансиска писменост во ноември посетува училишта во кои преку соодветни форми на интерактивна комуникација едуцира ученици за значењето на осигурувањето, учествува на ТВ емисија од едукативен формат и публикува содржини на социјалните мрежи со изразена едукативна компонента за атрубитите на осигурителните производи и за заштитата на правата на осигурениците.

АСО организира и спроведува едукативни посети и интерактивни предавање за сите училиште на теми од областа на финансиска едукација во осигурувањето, а податоците се достапни на веб страницата на АСО.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy