
Денис Шрудер – прв црномурен спортист што ќе го носи знамето на Германија на отворање на Олимписките игри
Честа ја доби НБА кошаркарот Денис Шрудер, еден од најзаслужните што лани Германија стана светски шампион, првпат во својата историја. Во гласањето меѓу германските олимпијци, тој доби повеќе гласови од Александер Зверев. Шрудер е само втор кошаркар што ќе го носи германското знаме на отворање на Олимписките игри, по Дирк Новицки кој ја имаше таа улога во 2008 година во Пекинг, но прв црномурен спортист кој ја добил таа чест.
Од спортистките, друштво на Шрудер ќе му прави џудистката Ана Марија Вагнер која досега освои две златни медали на светските првенства, додека на последните Игри во Токио дојде до две бронзени одличја.