
Денеска започнува судскиот процес Муареми vs Русковска
За денеска е закажано првото судско рочиште откако поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска.
Рочиштето е закажано за 12 часот и 20 минути, а уште незапочнато претрпе и промени, бидејќи судијата стана претседател на судот, па сега назначен е друг судија.
Русковска според информации на 4NEWS.mk денеска нема да се појави на судското рочиште и ќе ја застапува нејзиниот адвокат.
Муареми ја тужи Русковска за клевета затоа што во телевизиски емисии наводно изнесувала невистинити.
По претресот во Финасиската полиција во јули минатата година, Муареми поднесе преставка до обвинителството, по што Јовески иницираше дисциплинска постапка.
Обвинителството тогаш информираше дека ги отфрило двете кривични пријави против Мауреми и инспектори од финансиската полиција. Од доказите утврдиле дека нема основано сомнение дека сториле кривични дела.
Првиот предмет беше поврзан со сомнежи во постпаувањето по анонимните кривчни пријави во управата, а втората кривична пријава беше поднесена од жител на Дебар за злоупотреба на службена положба, поткуп малтретирање и насилство.