Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

AA

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски државјани – ЕЕС (Entry/Exit System), со што значително се менува начинот на евиденција на патниците на надворешните граници.

Системот, кој делумно беше воведен во октомври минатата година, сега станува целосно оперативен и ќе се применува на сите копнени гранични премини, пристаништа и аеродроми во ЕУ. Со него се воведува електронска регистрација на патниците од земји што не се членки на Унијата, кои патуваат за краткорочен престој.

Новоста подразбира дека при секое преминување на границата, патниците ќе се регистрираат во системот, при што ќе се евидентираат нивните влезови и излези, како и основни биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија. Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во рамки на правилото 90 дена во период од 180 дена.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени сите потребни мерки за непречено функционирање на системот на граничните премини, со максимално ангажирање на човечките и техничките ресурси. Граничната полиција ќе ја следи состојбата и ќе презема мерки за одржување на проточноста на сообраќајот, како и за навремено информирање на граѓаните.

Од Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ посочуваат дека не се очекуваат значителни застои во товарниот сообраќај, бидејќи голем дел од професионалните возачи веќе се регистрирани во системот. Сепак, за патничкиот сообраќај се можни подолги задржувања, особено во почетната фаза од примената.

Дополнително, професионалните возачи ќе треба внимателно да го следат престојот во Шенген зоната, бидејќи во наредниот период ќе се применува комбинирано броење на деновите – преку електронскиот систем, но и врз основа на печатите во патните исправи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42344
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy