
„Денес можеше да биде ден за славење и кај нас“: Османи им честиташе на Украина и Молдавија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи со честитки до Украина и Молдавија по повод одлуката на Европската Унија да отпочне преговори со двете земји.
„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани. Уште малку!“, стои на официјалниот фејсбук статус на Османи.