Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Компромисот е – избори!
Македонија

Демократски сојуз: Компромисот е – избори!

14/07/2023

AA

Демократскиот сојуз смета дека наш врвен национален, стратешки и државен интерес се одржување предвремени парламентарни избори и договор за стратешките правци на Македонија. Со најбитната цел – Македонија да се придвижи напред!

Компромисот е одржување парламентарни избори во септември. Тој компромис зависи од СДСМ и ДУИ, чија главна цел е да останат на власт уште неколку месеци по цена и на целосен колапс на државата.

Македонија направи тешки и болни отстапки и компромиси, од промена на Уставот, знамето, името, склучување на Преспанскиот договор, па и потпишување на контроверзниот договор за добрососедство со Бугарија. Сите тие компромиси и отстапки беа непринципиелни и надвор од европските и цивилизациските вредности и не обезбедија отворање на вратите на Европската Унија.

За последните условувања, промена на Уставот со цел Бугарите да бидат внесени во него, без реципроцитет и гаранции од ЕУ, нема компромис.

СДСМ и ДУИ цела година темата за уставни промени ја држат отворена на највисоко ниво, но досега не подготвија ниту доставија предлог за уставни промени до Парламентот.

Едноставно кажано, уставните измени ги користат за замајување на јавноста и дискредитација  пред меѓународниот фактор на сите што не прифаќаат уставни измени под диктат и блокада на евроинтеграциите од страна на Бугарија.

Затоа, Демократскиот сојуз предлага:

Прво, договор за стратешките цели и коренити реформи во правосудниот систем, владеење на правото, борба против криминалот и департизација на сите институции.
Второ, донесување нов Устав, ослободен од Бадентер, балансер и други решенија кои ја задушуваат демократијата и развојот на државата.

Трето, одржување парламентарни избори во септември.

По изборите, веднаш формирање коалициона Влада, составена од сите партии застапени во Собранието, со тоа што премиерот да го предложи партијата/партиите кои ќе имаат најголем број пратеници.

Само нова Влада со силен политички и развоен концепт може да ја извлече државата од кризата во која сѐ повеќе запаѓаме и да отвори перспективи за сите, посебно за младите.

Обединувањето е неопходно за да ги заштитиме нашите витални национални интереси. Македонија треба да ги искористи геостратешките раздвижувања и да бара прием во ЕУ во следните две до три години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41445
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што целосно исчезна од кошничката?

14/02/2026

Промените во цените, инфлацијата и навиките на потрошувачите значително ја трансформираа семејната потрошувачка во последните пет години. Анализата на движењата

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026

Во услови на зголемени цени на храна, гориво и услуги, прашањето колку чини еден „обичен“ викенд за четиричлено македонско семејство

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy