Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Деми Мур е најубавата позната личност за 2025 годинa
Магазин

Деми Мур е најубавата позната личност за 2025 годинa

23/04/2025

AA

Најубавата позната личност за оваа година, според американското списание „Пипл“ (People), е глумицата Деми Мур. По успехот на хорор-филмот „Супстанција“ (The Substance), во којшто глуми жена опседната со „вечна младост“, но на крајот ја прифаќа и ѝ се радува на реалноста, Деми појасни што значи убавината денес, според неа.

– Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во вашата кожа, изјави Мур.

По години на притисок да изгледа „совршено“, таа вели дека сега има поздрав и порелаксиран однос со своето тело и живот. Нејзината порака е: – Вистинската убавина не зависи од возраста или изгледот, туку од тоа да бидеш свој и да се грижиш за себе со љубов.

„Пипл“ ја почна анкетата за најубави луѓе на светот во 1990 година. Целта на проектот првично беше да ги запознае читателите со познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавина и ги инспирираат другите.

Други лица кои се нашле на насловницата претходните години се: Софија Вергара (2024 година), Мелиса Мекарти (2023), Хелен Мирен (2022), Криси Тајген (2021), Голди Хоун, Кејт Хадсон и Рани Роуз (2020), Џенифер Гарнер (2019), Алесија Бет Мур-Харт – Пинк (2018), Џулија Робертс (2017, 2005, 2000, 1991), Џенифер Анистон (2016, 2004), Сандра Булок (2015), Лупита Њонго (2014), Гвинет Палтроу (2013), Бијонсе Ноулс (2012), Џенифер Лопез (2011), Кристина Апгејт (2009), Кејт Хадсон (2008), Дру Баримор (2007), Анџелина Џоли (2006), Хали Бери (2003), Никол Кидман (2002), Кетрин Зета-Џонс (2001).

Вреди да се споменат и 90-тите. На оваа насловна страница тогаш се најдоа и Мишел Фајфер (1990. и 1999 година), Џоди Фостер, Синди Крафорд, Мег Рајан, Кортни Кокс, Мел Гибсон, Том Круз и Леонардо ди Каприо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy