Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Делеле изборен материјал во Куманово – активисти на СДСМ пријавија напад од членови на Движењето ЗНАМ
Македонија

Делеле изборен материјал во Куманово – активисти на СДСМ пријавија напад од членови на Движењето ЗНАМ

16/10/2025

AA

Политички активисти од СДСМ денеска напладне пријавија дека биле нападнати од членови на Движењето ЗНАМ во кумановската населба Средорек, додека делеле изборен материјал.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека кај нив било пријавено дека двајца активисти на една партија биле нападнати од активисти на друга партија.

„Денеска околу 11:40 часот, А. К. (32) и И. С. (33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал, С. С. и Р. Ш., членови на друга партија, агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р. Ш. физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Мартин Костовски, обвини дека нападот го извршиле членови на штабот на Движењето ЗНАМ и кандидатот за советник Самет Салиевски, пред нивниот мини-митинг во Средорек. Според Костовски, Салиевски до неодамна бил советник од СДСМ, но ја напуштил партијата и за изборите се најде на листата на ЗНАМ.

„Случајот веднаш го пријавивме во полиција и очекуваме да се преземат сите потребни мерки за да се спречи политичкото насилство врз неистомислениците,“ изјави Костовски.

Од Движењето ЗНАМ, носителката на листата за советници, Ивана Георгиевска, ги негира обвинувањата.

„Целосна лага е обвинувањето дека нашиот кандидат Самет Салиевски нападнал активист на СДСМ. Вистината е дека тој бил сведок на расправија помеѓу активисти на СДСМ близу неговиот дом и реагирал смирено и воздржано на вербалните провокации“, рече Георгиевска.

Таа додаде дека изјавата на Костовски е обид за политичка манипулација и добивање поени пред јавноста, со оглед на резултатите од анкетите кои, според неа, најавуваат убедлив пораз за СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна,

08/12/2025

Стратегија  усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy