Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Делеле бонуси без основа, пет вработени во МВР ќе добијат откази
Магазин

Делеле бонуси без основа, пет вработени во МВР ќе добијат откази

25/12/2024

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници А.А., на работно место во ПС од ОН Гази Баба, А.А. на работно место во ПО Арачиново, Б.Џ., на работно место во ПО Арачиново и В.С., на работно место во ПО Арачиново при СВР Скопје за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од КЗ и за едно кривично дело „измама во службата“ по член 355 став 1 од Кривичниот законик против полицискиот службеник Б.М.,  на работно место во ПС од ОН Гази Баба при СВР Скопје.

Првопријавениот, како заменик командир на ПС од ОН Гази Баба ја злоупотребил службената положба и овластување  на начин што како раководител  со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се  пропишува начинот на евидентирање на реализираните часови на вработените во Министерството за внатрешни работи на 12 полициски службеници- вработени  во  ПС од ОН Гази Баба им овозможил да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи  на секој поединечно им била исплатена бонус плата  во износ од 36.614 денари или вкупно 439.368 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Второпријавениот, како командир на ПО Арачиново, третопријавениот  како инспектор во ПО Арачиново и четвртопријавениот  како инспектор во ПО Арачиново со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се  пропишува начинот на евидентирање на реализирани часови на вработените во Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што на седум полициски службеници вработени во ПО Арачиново им овозможиле да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно  им била исплатена бонус плата  во износ од 36.614 денари или вкупно 256.928 денари, во кој износ го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Петтопријавениот како вработен во ПС од ОН Гази Баба како службено лице со намера за себе да прибави противправна имотна корист поднел своерачно потпишана изјава со лажна содржина, во која изјавил дека има остварено повеќе од 150 часа прекувремена работа  и немал повеќе од 21 ден отсуство од работа во текот на 2023  година, по што му било изготвено решение за утврдено право  за исплата на бонус плата во висина од една просечна нето плата во износ од 36.614 денари без да ги исполни предвидените услови утврдени со закон, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против именуваните полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седумнаесетгодишната Ела е на интензивна нега, состојбата е сè уште

14/02/2026
Македонија

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно

14/02/2026
Македонија

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот

14/02/2026
Македонија

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ ОДНОСИ Мицкоски во Минхен се

14/02/2026
Македонија

ЈА ЗАДУШИЛ СО ПЕРНИЦА ОТКАКО Ѝ ВЛЕГОЛ ВО ДОМОТ Млад

14/02/2026
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41451
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седумнаесетгодишната Ела е на интензивна нега, состојбата е сè уште исклучително сериозна

14/02/2026

Во тешка несреќа што се случи во Сараево, загина 23-годишната студентка на Академијата за ликовни уметности Ердоган Моранкиќ. 17-годишната Ела

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена!

14/02/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот кон Битола, ги испровоцирало девојче!

14/02/2026

Екипата на Пелистер вчера го заврши својот настап во четвртфиналето од Купот на Македонија по поразот од Куманово. Натпреварот, кој

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy