Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА – ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027
Економија

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА – ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

21/11/2024

AA

Францускиот ланец на продавници за спортска опрема Decathlon
најави отворање на повеќе од 60 нови продавници во Германија до крајот на 2027
година, истакнувајќи дека има намера да ја искористи можноста што ја создаваат
слободните деловни простории во центрите на градовите.

Според DPA, Decathlon моментално има 86 продавници во
Германија, а би требало да има повеќе од 150 за две години.

Отворањето нови продавници и модернизацијата на постоечките
локации ќе бара околу 100 милиони евра инвестиции и веројатно отворање на
илјадници нови работни места, изјави шефот на германскиот бизнис на Декатлон,
Арно Саурет.

Заштеда поради
неизвесност

Декатлон сака да го зголеми уделот на пазарот и приходите,
нагласи Саурет, без да даде бројки. До крајот на оваа година, француската
компанија има намера да отвори две нови продавници во Германија, вклучувајќи
помала локација на главната станица во Потсдам и поголема во центарот на
Хамбург. Тие, исто така, размислуваат за проширување на бизнисот во други градови,
како Нирнберг, Фрајбург, Рошток, Оберхаузен и во пошироката област на Касел.

Германските граѓани ги намалуваат трошоците поради
економската несигурност и инфлацијата, но Decathlon гледа можност во слободни
деловни простории во центрите на градовите и има намера да ја искористи за да
се доближи до клиентите, вели шефот за проширување, Стефан Кајзер.

Водечка позиција на
Интерспорт

Ќе се отворат нови продавници во трговските центри и во
пешачките области, фокусирајќи се на специфични спортови, во зависност од
побарувачката. Во Минхен треба да се отвори продавница за планинска спортска
опрема. Германскиот пазар за спортска опрема е многу конкурентен и се мери во
милијарди евра.

Водечката позиција ја зазема Интерспорт со годишен приход од
околу 3,5 милијарди евра, следен од Спорт 2000 со 2,95 милијарди евра.
Годишниот приход на францускиот синџир спортска опрема е околу 1,1 милијарда
евра, пишува DPA. Саурет го опиша проширувањето како дел од стратегијата на
Decathlon за зголемување на уделот и прометот на пазарот, иако тој не ги
прецизираше конкретните бројки што компанијата ги очекува од зајакнувањето на
германскиот пазар.

фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42417
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy