
Дефанзивците го носат Реал кон титулата – Ридигер донесе три бода за „кралевите“ (ВИДЕО)
Многу потешко од очекувањата, „кралевите“ ја победија Мајорка на домашен терен со 1-0 и по 19. коло сигурно ќе бидат лидери на табелата во шпанското првенство. Ако на претходниот меч, против Алавес во Виторија победата ја донесе Лукас Васкез, сега таличен беше друг дефанзивец во тимот – Антонио Ридигер.
Германскиот репрезентативец погоди на девет минути пред крајот со фантастичен удар со глава по центаршутот на Лука Модриќ од корнер. Ова е трета победа по ред и вкупно 13. натпревар без пораз на Реал во домашното првенство.
Вечерва Жирона против Атлетико Мадрид има можност да се израмни со мадридскиот тим и да ја продолжи борбата за титулата со него.

