
Децата на Партизан тренираат ватерполо во – празен базен!
Пред неколку дена ВК Партизан излезе со соопштение во кое се пожали дека немаат каде да играат, ниту да тренираат. На базенот Бањица кој е нивниот дом, филтрите се расипани, па тој не е во функција.
Црвено-црните алармираа дека состојбата е сериозна, новата сезона им почнува на 1. октомври, а ниту првиот тим, ниту младинските категории немаат услови за тренирање и натпреварување. Бараа брзо да се реши нивниот проблем.
Денеска се појави шокантно видео, децата на Партизан тренираа ватерполо во празен базен. Трчаа од едниот крај до другиот.