Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива продолжува утре
Македонија

Дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива продолжува утре

14/02/2023

AA

Пратениците и во попладневниот дел од денешното продолжение на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство Беким Сали. Дебатата ќе продолжи утре во 12 часот.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање рече дека станува збор за разрешувања кои немаат врска со програмата на Владата која беше предложена пред само една година, туку имаат за цел и се поврзани со партиските пазарења.


-Тие наликуваат на „пазар 3“ – понуда, побарувачка, односно кој побарува повеќе, кој ќе понуди повеќе. На тој начин се составува и реконструира оваа Влада. Се пазарите на грбот на македонскиот народ, рече Лефков.

На крајот на денот, додаде, сметката за вашата неспособност ја плаќаат граѓаните.


Во реплика Соња Мираковска од НСДП му порача дека ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ, туку на храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните.

-Тука сме за да го одработиме она што го ветивме. Оваа реконструкција е за европската иднина, посочи Мираковска.


На тоа, во контрареплика Лефков и рече дека можноста да се одлучува за народот се исцрпува на избори.

Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и да се изгласа оваа влада, како што рече, привидното мнозинство нема да може да овозможи нормално работење на Собранието. Тоа, додаде, ќе го видите за две до три недели од изгласувањето на владата.

-Таравари нема ништо да ви донесе повеќе од она што веќе го имате, рече Лашкоска.

Фадил Зендели од БЕСА во својот говор рече дека БЕСА ќе остане опозициска партија се додека на е се одржат наредните избори, без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни.

-Цениме дека денеска не е време да се разговара за разрешување на министри, туку е време да се оди на предвремени избори, бидејќи Владата потфрли во обезбедувањето добар стандард на нашите граѓани, а нема ни резултати во областа на владеењето на правото и корупцијата. Не може да кажеме дека сте за европски принципи, туку се работи само за математика и бројки. Имаме само влада која сака да преживее и да купи време. Не е време да имаме таква влада, туку влада со целосен капацитет, посочи Зендели.

По неговото излагање имаше серија реплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во кои го поддржаа неговото тврдење.

Во 18 часот потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 12 часот.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТИ СО ВРЕДНОСТ ОД 1 ДЕНАР СЕ НАСЛЕДЕНА ЛОША ЕВИДЕНЦИЈА

27/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ОДБИ ГАЗДА ДЕКО И СИНОТ МИХАЈЛО ЗА СВЕДОК

27/10/2026
Македонија

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор

27/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46395
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва лидерот на опозицијата

27/10/2026

Антонио Милошоски го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален план до 15 декември

27/10/2026

Владата најавува Национален комитет за безбедност на новинарите, со учество на институциите и новинарските здруженија. Планот ќе опфати превенција, заштита,

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА На ВМРО-ДПМНЕ ѝ

27/10/2026

СДСМ го изгуби компасот, веќе не знаат каде тераат – навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy