Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова ѝ одговори на фон дер Лајен: Топката е реквизит, сам со топка никој не игра, што ако топката е од офсајд или со фаул фрлена?
Македонија

Давкова ѝ одговори на фон дер Лајен: Топката е реквизит, сам со топка никој не игра, што ако топката е од офсајд или со фаул фрлена?

03/11/2025

AA

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, реагираше на објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата „Икс“, по нејзината последна посета на Скопје.

Во објавата, Фон дер Лајен напиша: „Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена.“

Сиљановска-Давкова, пак, порача дека за време на нивната средба воопшто не се разговарало на таков начин.

„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште,“ изјави таа.

Претседателката додаде дека дури и го прашала премиерот Христијан Мицкоски дали Фон дер Лајен можеби кај него спомнала нешто слично, но, како што вели, и тој одговорил дека не се зборувало за „игралишта и топки“.

„На ‘Твитер’ тоа излезе. Но, ако ја погледнеме метафората, топката е реквизит – сам со топка никој не игра. За игра се потребни двајца и таа се одвива по однапред утврдени правила. Правилата не се менуваат во текот на играта – а тоа, за жал, ни се случи нам. Што ако топката е од офсајд или со фаул фрлена во игралиштето? Или ако голот е празен, па мрежата се искине?“, илустрираше претседателката, додавајќи дека играта без фер правила ја губи својата суштина.

Во продолжение, Сиљановска-Давкова нагласи дека прашањето за уставните измени е во надлежност на парламентот и дека таа не може да даде гаранции за исходот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
Македонија

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила, тешко повредено

25/08/2026
Македонија

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор

25/08/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, премиерот на Косово

25/08/2026
Македонија

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади

25/08/2026
Македонија

Нови и модерни спортски терени во средните училишта во Скопје

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45247
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026

На 24.08.2026 во 12:45 часот во СВР Тетово, Б.П.(59) од с.Волковија, тетовско, пријавил дека на неговото домашно животно бик му

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со мајка и и кажала дека

25/08/2026

На 25.08.2025 во 01:00 часот во Полициското одделение Групчин, Н.М.(47) од с.Желино, тетовско, пријавил дека на 24.08.2025 околу 11.00 часот

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се сомнева на човечки фактор

25/08/2026

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци се на терен и го локализираат огнот, додека градоначалникот Јанчев апелира до граѓаните за претпазливост. Голем

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy