Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ: Еве кој ќе мора да го плати, а кој ќе се спаси – ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКАВИ СЕ КАЗНИТЕ АКО САКАТЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ
Економија

ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ: Еве кој ќе мора да го плати, а кој ќе се спаси – ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКАВИ СЕ КАЗНИТЕ АКО САКАТЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ

12/02/2023

AA

Веројатно моќните компании ги интересира што носи предлог законскиот текст за данокот на солиадрност. 

Како што веќе пишуваше Фактор, она што е клучно е дека овој данок ќе го плаќаат сите фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра. Овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, ќе платат данок по стапка од 30 отсто. За оние, пак, кои нема точно да ги пријават заработките или нема да го платат данокот, предвидени се и казни. 

Предлагач е Владата, а законот, за кој се предвидува во законодавниот дом да помине по скратена постапка, пред пратениците ќе го бранат министерот за финансии Фатмир Бесими и нивниот Заменик Филип Николоски.

Целта на овој закон е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од кризата.

„Предлог законот предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари (10 милиони евра –н.з)“, се наведува во законот.

Од Владата навеле дека овој данок ќе донесе во буџетот сума од околу 4,7 милијарди денари, што е рамно на 76,4 милиони евра.

Додаваат и дека не се работи за обемен и сложен закон, па затоа и се бара да се донесе по скратена постапка.

„Данокот за солидарност е еднократна јавна давачка за 2023 година и е приход на Буџетот на РСМ. Обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. При утврдување на висината на приходот се исклучуваат приходите во стечајна постапка остварени од продажба на имот за намирување на доверителите“, се вели воп законот.

Натаму, се додава дека по исклучок, обврзник за данокот за солидарност не е обврзникот кој почнал со вршење на дејност во текот на 2022 година, освен во случај кога почнувањето со вршење на дејност е резултат на статусна промена, потоа, има искажано нула износ на даночна основа по намалување во даночниот биланс за оданочување на добивка во сите периоди во кои вршел дејност, како и даночниот обврзмник кој престанал со вршење на дејност согласно Законот за трговските друштва, без да изврши статусна промена и поднесува последен даночен биланс за оданочување на добивка за даночниот период од 2022 година.

Она што е битно е следниов член.

„Даночната основа за данокот за солидарност се пресметува на начин што од износот на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврдена во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди, зголемен за 20 отсто. Доколку е поповолно за даночниот обврзник, даночната основа за данокот за солидарност може да се пресметува на начин што од просечниот износ на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2021 и за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди, зголемен за 20 отсто. Претходни периоди се периодите од 2018, 2019 и 2021 година…“, се вели меѓу другото во законот.

Стапката на данокот на солидарност, ќе изнесува 30 отсто, се нагласува во законот.

Со оглед на комплицираниот опис, сите заинтересирани можат да го погледнат законот тука.

А, не се мали ни казните. Па така, глоба во износ од 1.800 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе плати даночен обврзник правно лице, доколку е среден трговец и од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночен обврзник – правно лице голем трговец за прекршок, ако не поднесе до Управата за јавни приходи соодветен образец за пресметување на данокот за солидарност во утврдениот рок. Глоба во износ од 150 до 500 евра ќе има за одговорно лице ако е среден и од 200 до 500 евра ако е директор кај голема компанија. Доколку, пак, данокот не се плати навреме во утврдениот рок, глобата е 1.800 до 6.000 евра за среден и од 3.000 до 10.000 евра за голем трговец, а истите казни како претходно се предфвидени и за директорите на фирмите.

Многу повисоки казни, пак, се предвиодени за фирмите што ќе сакаат да ги скријат приходите, односно неточно да ги прикажат, и со тоа да се спасат од данокот, односно тие се од 3.600 до 12.000 евра за среден трговец и од 6.000 до 20.000 евра за голем трговец, додека, пак, нивните директори ќе бидат казнети со 300 до 1.000 евра за среден трговец и од 400 до 1000 евра за голем трговец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот

11/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените

11/02/2026
Македонија

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните

11/02/2026
Македонија

„Онкологија“: Словенечки експерт тврди дека се давале дијагнози без потврди

11/02/2026
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
Македонија

Алиу на состанок со странските експерти: Очекувам да дадат независен

11/02/2026
Македонија

Андоновски смета дека забраната за социјални мрежи кај најмладите е

11/02/2026
Македонија

ПОТРЕБНА Е КОМПЛЕТНА РЕВИЗИЈА НА ПРЕДМЕТИТЕ ШТО ГИ РАБОТЕШЕ СЈО

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41340
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот на ЈО ќе даде мислење

11/02/2026

Советот на јавни обвинители за следната недела ја закажа седницата за давање мислење за пријавените кандидати на огласот за именување

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените јазици 4 часа!

11/02/2026

Синоќа во селото Слупчане, општина Липково, избувнал голем пожар во куќа сопственост на 63-годишниот А.И. Иако материјалната штета е значителна,

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните кардиохируршки случаи

11/02/2026

Интерната и странската експертска комисија што ја ангажираше Министерството за здравство денеска одржаа онлајн состанок за проверка на спорните кардиолошки

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy