
Дали подморницата „Титан“ ги имала сите дозволи за ризични експедиции?
Американската крајбрежна стража официјално започна истрага за инцидентот со подморницата „Титан“. Во експлозија за време на експедиција до потонатиот брод Титаник загинаа сите пет патници во него.
На крајот од операцијата за пребарување, која траеше неколку дена, крајбрежната стража соопшти дека ги пронашла остатоците од батискафот. Наодите од истрагата ќе ги искористи Меѓународната поморска организација за подобрување на безбедносните мерки.
Се очекува и можно воведување санкции поради информациите дека со „Титан“ се вршеле експедиции, иако пловилото ги немало сите потребни сертификати.
Во последните денови на виделина излегоа документи од поранешни вработени во компанијата, кои тврдат дека сопствениците покажале „несовесен однос“ кон безбедноста на патниците.
