Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали ќе плаќаме поскапа струја зависи од тоа дали Владата ќе дозволи фер трка за универзален снабдувач
Македонија

Дали ќе плаќаме поскапа струја зависи од тоа дали Владата ќе дозволи фер трка за универзален снабдувач

28/12/2023

AA

Профитна маржа од 11,5 проценти па надолу е главниот услов во јавниот повик за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Првиот човек на ЕДС Милтиадес Бабилис, компанија која изрази интерес за повикот, во интервју за Фактор вчера изјави дека на овој повик ќе понуди значително пониска профитна маржа од предвидената, што ќе значи и пониска цена на струјата која што ќе ја плаќаат граѓаните.

Но, дали ова ќе влијае на веќе неофицијално донесената одлука на Владата за избор на ЕВН за Универзален снабдувач на електрична енергија или одлуката како и во поголем број случаи ќе биде политичка, ќе се знае по завршувањето на тендерот, пишува А1он.мк.

Од ЕДС очекуваат максимално транспарентна постапка во јавниот повик за избор на Универзален снабдувач и велат дека изборот на нивната компанија ќе донесе нов квалитет на пазарот и сериозна придобивка за домаќинствата.

„Согласно законите за јавни набавки и енергетика зад ЕДС стои корпоративниот углед, но и активата на ППЦ. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со пониска маржа и затоа не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, вели Бабилис.

Но, како што пишува А1он.мк, доколку неофицијалната одлука на Владата остане иста, односно повторно биде избран ЕВН за Универзален снабдувач на електрична енергија, според експертите ќе значи обесхрабрување на сите потенцијални странски инвеститори да инвестираат во земјава.

Тие порачуваат дека ваквиот начин на водење на тендерска постапка, кога однапред во јавноста се знае кој ќе го добие тендерот праќа многу лош сигнал за странските инвеститори кои се повеќе ја заобиколуваат Македонија, а оние кои што се присутни во земјава се се помалку задоволни од условите за водење бизнис.

На јавниот повик, освен ЕВН Хоум, се пројавиле неколку компании, но како најсериозна конкуренција доаѓа компанијата ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која пак има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има свои претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

Тендерската постапка е во тек и ќе трае до 12 јануари.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy