Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ Е НА ПАТ ТОТАЛЕН КОЛАПС?  Штрајк за прв пат по 16 години
Економија

ДАЛИ Е НА ПАТ ТОТАЛЕН КОЛАПС? Штрајк за прв пат по 16 години

14/09/2024

AA

Вработените во американската авиокомпанија „Боинг“ во Сиетл стапија во штрајк за прв пат по 16 години, откако членовите на најголемиот синдикат, кои претставуваат 33.000 вработени, ја одбија понудата за нов договор и се одлучија за прекин на работата.

Според извештаите, 94,6 отсто од членовите на синдикатот гласале против новиот договор, а 96 отсто го поддржале штрајкот.

Работата беше официјално прекината на полноќ по локално време, пренесува Bloomberg. Нашите членови денеска зборуваа јасно и гласно, изјави претседателот на синдикатот на Боинг, Џон Холден по гласањето.

Според него, понудата на Боинг не е доволна да се компензира за 16 години стагнација на платите, повисоки трошоци за здравствена заштита и преместување на работните места во синдикатот.

Сепак, Холден изрази подготвеност да се врати на преговарачка маса со раководството на Боинг што е можно поскоро.

Боинг им понуди на своите вработени гарантирано зголемување на платите од 25 отсто во следните четири години, но работниците очекуваа повеќе и беа разочарани што компанијата го прекина годишниот бонус. Боинг го произведува авионот 737 Max во фабриката во Рентон на периферијата на Сиетл, а моделите 777 и 767 во својата фабрика во Еверет северно од градот.

Штрајкот практично ќе го запре производството на комерцијални авиони во еден од најголемите американски производствени гиганти, што може да и наштети на целата економија на Соединетите Американски Држави, наведува Си-Ен-Ен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy