
Д-р Софијанова за починатото бебе: Донесено е во многу тешка состојба, кога се раѓа треба внимателно да се набљудува!
Во тешка состојба било примено бебето кое било родено во прилепската болница, велат од Детската клиника во Скопје. Државниот санитарен и здравствен инспекторат го истражува случајот.
Професор доктор Апазија Софијанова, за Утринска на Телма посочува дека кога бебе ќе се роди со жолта боја, се претпоставува дека е бебешка жолтица, па додава: „но кожата на бебето може да е жолта и од некој друг инфект, кој стои во позадина, затоа треба внимателно да се набљудува“.
Бебето кое почина може да добило сепса и од вагинална инфекција кај мајката, и поради тоа тој податок треба да се знае, и ако е така бебето се става на антибиотик во првите 48 часа, вели докторката.
