Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Наунова Јовановска: Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега во стабилна состојба
Македонија

Д-р Наунова Јовановска: Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега во стабилна состојба

08/08/2023

AA

Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега е во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после се влошува состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката, изјави денеска во изјава за медиумите, доктор Добринка Наунова Јовановска од ЈЗУ УК за инфективни болести.

Таа беше прашана дали се знае како болничарката се заразила, имајќи предвид дека сепак е од Инфективна клиника, каде што секогаш се носи заштитна облека без разлика за какво заболување станува збор.

– Точно дека ние како инфектолози баш сме добро упатени какви сѐ заштити се носат, посебно кај вакви болести, независно што додека добивме дијагноза се работеше со пациентката. Значи, не е битно што е конгоанска, туку е пациент во тешка состојба. Како, како е можно? Шансите се многу мали, но, со оглед дека пациентката има ненормално големи количини на секрет, крварење и така натаму, тие се тие заразните содржини кои би можеле да бидат пренесени. Но и покрај заштитата која ја имаме ние, сега можеби директно додека болничарката работела со пациентката била заштитена, но, потоа кога симнува ракавици, или маската, или облеката, можно е нешто да прсне во слузницата во очите и да се заразила. Значи, сѐ е можно, кога постои така голема количина на заразен материјал е можно да дојде до заразување и затоа треба многу, многу да се внимава, одговори Наунова Јовановска.

Таа нагласи дека пациентката сега засега е во стабилна состојба, параметрите се следат континуирано да не дојде до некое влошување.

– Овој ѝ е веќе петти ден како е болна, но се следи постојано за да не дојде до некои влошувања. Затоа што, кај оваа конкретно болест е многу важна таа супортивна терапија, заменска терапија да се надокнадува сѐ што се губи итн. Така што, пациентката сега засега се надеваме дека ќе остане во стабилна состојба, но, тоа ќе видиме деновиве, појасни Наунова Јовановска.

На новинарско прашање дали нема тешки симптоми, односно нема нарушување на хемостазата, Наунова Јовановска одговори дека самата болест има своја еволуција, „така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после се влошува состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката за да може да се интервенира во одредени ситуации“.

– Сега засега нема крварења, но, се следи, подвлече Наунова Јовановска.

Таа беше прашана и дали болничарката доаѓала на работа и дали останатите, кои се под здравствен надзор треба да доаѓаат на работни места.

– Сите што биле во контакт со претходната пациентка се под надзор. Значи, се следат сите параметри и досега треба да се под надозор 29 лица од првиот контакт од првата пациентка, меѓутоа за ден – два веќе им истекува надзорот на тие лица. Од новиот контакт со новата пациентка, 11 се под надзор и тие се следат. Да се разбереме, значи пренесувањето на инфекцијата не настанува од обичен ваков разговор, туку треба секрети, крв и така натаму, за да се пренесе. Тоа не е битно дали ќе дојде на работа, дали ние ќе разговараме или не, туку дали ќе се развие болеста и ќе имаме извор на зараза за да се пренесе на некого. Болничарката, мислам, била трета смена ноќта кога ја негувала пациентката, додаде Наунова Јовановска.

Таа појасни дека надзорот подразбира да се следи температура, каков било симптом доколку се јави и веднаш да се направат испитувања.

– За да се пренесе инфекцијата не е потребно еден разговор како што беше со ковидот, туку треба материјал за да се пренесе на одредено лице, истакна Наунова Јовановска.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ денеска за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.

Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо Јаневски

27/04/2026
Македонија

Исчезна Горан Ременски од Валандово – семејството бара помош од

26/04/2026
Македонија

Пчеларството расте, но климатските промени го загрозуваат приносот

26/04/2026
Македонија

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило!

26/04/2026
Македонија

ССМ повикува на масовен првомајски протест: „За плата се бориме,

26/04/2026
Македонија

Муцунски за вооружениот напад во Вашингтон: Насилството нема место во

26/04/2026
Македонија

Пожар во сендвичара во Охрид – двајца вработени се здобиле

26/04/2026
Македонија

Почина 80-годишник од село Љуботен: Го поправал тракторот кој се

26/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42894
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо Јаневски

27/04/2026

По кратко боледување, на 26-ти април, почина Љупчо Јаневски, истакнат поранешен ракометен судија и делегат-контролор. Спортот изгуби професионалец кој остави

Исчезна Горан Ременски од Валандово – семејството бара помош од граѓаните

26/04/2026

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош и информации поврзани со нивниот исчезнат роднина, Горан Ременски.

Пчеларството расте, но климатските промени го загрозуваат приносот

26/04/2026

Пчеларството во Македонија станува сè поатрактивна дејност, привлекувајќи нови производители и инвестиции, особено во руралните средини. Во изминатата деценија, бројот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy