Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цвета бизнисот на сопругата на Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Цвета бизнисот на сопругата на Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

09/04/2023

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека Димитар Ковачевски не се секира за економијата и стандардот на граѓаните, ама за тоа бизнисот на неговата сопруга цвета.

„Целосен молк од Ковачевски за скандалот со купувањето на земјиште од 1.119 м2 од страна на неговата сопруга за багателна цена од 70 денари за м2.

Целата зделка за која 1.119 м2 се продаваат за скоро 1.300 евра, оди преку Владата на ДУИ и СДС со потпис токму на Артан Груби.

Еден ден Ковачевски аминува и потпишува, Груби краде и се богати. Другиот ден Груби аминува и потпишува, Ковачевски си го шири фамилијарниот бизнис и добива државно земјиште за багателна цена. А, економијата во државата секој ден тоне се повеќе, а граѓаните не знаат како да го поминат месецот.

Потписот од страна на Груби за земјиштето кое ќе го добие сопругата на Ковачевски, е наградата за Димитар Ковачевски за јавната одбрана за криминалот со надзорот на автопатиштата кој го направија ДУИ и Артан Груби,

Е ова е еклатантен пример како се пљачкаат граѓаните и државата. Додека граѓаните со месеци и години чекаат за легализација на имот или пак пренамена на земјиште, криминалците на власт за побрзо и енормно да се збогатат тоа го прават за еден ден.

Криминалците од ДУИ и СДС кога се работи за криминал и богатење се како сложни браќа и целосно си се штитат.

ДСКС не треба да премижи на овој еклатантен пример за судир на интереси кај фамилијата Ковачевски.

СДС и ДУИ ако мислат дека со вакво замајување на јавноста, ако едниот се потпише за другиот, нема да одговараат за криминалот, се излажале. За многу скоро за секој криминал ќе има одговорност“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy