Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Трет случај на настрадано лице при пожар од почетокот на ова деноноќие – последната во пожар во штала во с. Оџалија
Македонија

ЦУК: Трет случај на настрадано лице при пожар од почетокот на ова деноноќие – последната во пожар во штала во с. Оџалија

07/02/2024

AA

Регионалниот ЦУК Штип известува дека има една жртва и при пожар на штала во с. Оџалија во Општина Карбинци

По добиената информација за пожар, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, околу пладне, и интервенцијата на пожарникарите е добиено известување дека едно лице настрадало при тој пожар во с. Оџалија во Општина Карбинци. Настраданиот бил пронајден внатре во шталата, каде што најверојатно се задушил од чадот прво, а потоа и изгорел во пожарот до степен на непрепознатливост на идентитет и возраст.

На терен биле излезени пожарникарите на Територијалната противпожарна едница (ТППЕ) Штип и припадници на МВР од СВР Штип, од коишто веста е потврдена за ЦУК, а истрагата е во тек. Двете служби, субјекти во Системот за управување со кризи се излезени на лице место и вршат увид за причините на настанатиот пожар, а според стандардните оперативни процедури, секако и доктори од Итната медицинска служба и Јавен обвинител ќе бидат вклучени во истрагата до конечниот извештај за оваа трагедија.

Инаку, од почетокот на ова деноноќие ова е трето лице настрадано кога има пожар. ЦУК рано утрово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Потоа, имаше второ известување за настрадано лице при услови на пожар кога пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката”.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, превентивно да се внимава на причини за пожар по, куќи, станови и објекти и при евентуална појава на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, покрај постојаните апели од ЦУК, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
Македонија

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика

10/09/2026
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и

10/09/2026
Македонија

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени

10/09/2026
Македонија

Пад на градежната активност: Во јули издадени 367 одобренија за

10/09/2026
Македонија

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45614
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени остатоци од пестициди

10/09/2026

Пратка од речиси 9,5 тони пиперки од Македонија е запрена на бугарскиот пазар поради утврдени зголемени остатоци од пестициди. Бугарската

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика поради нереди и прекин на

10/09/2026

Низа санкции за клубови, фудбалери и тренери донесе Дисциплинската комисија за случувањата на натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки испит

10/09/2026

Дванаесет возачи во изминатото деноноќие завршија во полициска станица поради безобѕирно управување возило. Од нив, 11 возеле без положен возачки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy