Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Спасени се четирите лица, залутани по клисурата на Пчиња
Магазин

ЦУК: Спасени се четирите лица, залутани по клисурата на Пчиња

26/05/2024

AA

 Центарот за управување со кризи информира дека четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), се лоцирани и пронајдени.

Теренот на локацијата каде биле залутаните, како што посочуваат од ЦУК е исклучително стрмен и опасен за движење, па тие биле извлечени со чамец.

-Тие по исклучително стрмниот терен успеале да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот Мала Богородица, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје – Велес, од каде што по земјен пат не можеле да се извлечат во текот на ноќта. Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња од Катланово па, се до локацијата на изгубените во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор и несебично залагање безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот, информираат од ЦУК.

По добиената информација преку 112 во ЦУК, Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец,.

-Тимот спасители на вода од Велес, а со поддршка и на тим од припадници на САЕ „Тигар“ тргнаа од Катланово пловејќи по Пчиња во обид да се пробијат до местото каде што се наоѓаат лицата за да ги префрлат од другата страна на реката, околу триста до петстотини метри над манастирот Мала Богородица којшто се наоѓа во клисурата на Пчиња под самиот автопат. Во реката спасителите наидоа на многу препреки, коишто мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце на некои места чамецот, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија. Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите, се вели во соопштението од ЦУК.

На лице место, долу во длабоката и опасно стрмна клисура се спуштил и директорот на ЦУК, Ангелов, заедно со таткото, еден од родителите на дел од лицата. Во заедничка комуникација преку реката, со залутаните лица, тие биле успокоени и дека е прашање само на време кога ќе бидат извлечени. За тоа време, како што информираат од ЦУК, имало обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат, бидејќи нивната вода завршила.

Во време нешто по 02.00 по полноќ лицата се безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.

Директорот на ЦУК Ангелов, се вели во соопштениети, изразил голема благодарност на сите ангажирани во спасителната акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата што беше многу специфична, но успешно се реализираше од страна на сите присутни на терен, а и дежурни во Системот за управување со кризи. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАДНА ДИЛЕР ВО БИТОЛА: 29-годишник криел марихуана во визба, заработи

23/02/2026
Македонија

НОГАТА СЀ УШТЕ „ЛЕПИ“ НА ПЕДАЛОТ ЗА ГАС За една

23/02/2026
Македонија

ИЗМАМА ВО ТЕТОВО: Платила 3.000 евра за работна виза за

23/02/2026
Македонија

32 годишна жена измамена за 3000 евра, очекувала работна виза

23/02/2026
Македонија

Објавени снимки од надзорни камери: Серискиот убиец од Старо Нагоричане

23/02/2026
Македонија

Уапсени четири лица, осомничени се дека запалиле „ланд ровер“ во

23/02/2026
Македонија

САМО 16 ВОЗАЧИ ФАТЕНИ НА ЦРВЕНО ВО ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА На

23/02/2026
Македонија

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАДНА ДИЛЕР ВО БИТОЛА: 29-годишник криел марихуана во визба, заработи 30 дена притвор

23/02/2026

Криминалистичката полиција при СВР Битола поднесе кривична пријава против 29-годишен битолчанец, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории

НОГАТА СЀ УШТЕ „ЛЕПИ“ НА ПЕДАЛОТ ЗА ГАС За една недела 4.910 казни од „Сејф

23/02/2026

Системот „Безбеден град“ во текот на изминатата недела (16–22 февруари 2026) регистрираше вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци на камери поставени низ

ИЗМАМА ВО ТЕТОВО: Платила 3.000 евра за работна виза за Германија – „посредникот“ ги зел

23/02/2026

Нов случај на измама за заминување на работа во странство е регистриран во тетовскиот регион. 32-годишна жена пријавила во полиција

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy