Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУ: Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови
Македонија

ЦУ: Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови

25/02/2025

AA

Откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир. При извршената контрола  во делот на просторот за багаж  на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

Запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен тим по извршена детална контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки во Царинска испостава 1014.

Во друг случај се запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово. Делото за повреда на права од интелектуална сопственост е откриено од царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран.

Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. Лицето сакало да ги шверцува во државата без да плати давачки во износ од 57 илјади денари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски државјанин во товарно возило со норвешки регистарски таблички сакал да криумчари четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, преку граничниот премин Ново Село.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА РАМАЗАНСКИОТ ПОСТ На 20 март е Рамазан Бајрам

19/02/2026
Македонија

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ Ќе донесе нов снег

19/02/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41641
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА РАМАЗАНСКИОТ ПОСТ На 20 март е Рамазан Бајрам

19/02/2026

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За

ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ Ќе донесе нов снег на планините

19/02/2026

Во текот на ноќта денеска и утре особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy