ЦРНА ГОРА: Ќе воведат визи за Русите и Белорусите?
Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија и Белорусија.
Државата наскоро ќе воведе визи за граѓаните на Русија и Белорусија, со цел да почне значајни реформи на полето на визната политика, вклучително и усогласување со правилата кои важат во Шенген зоната, пишува црногорски „Дан“ повикувајќи се на повеќе извори од Владата на Црна Гора.
Тоа би можело да влијае на туризмот, со оглед дека секоја година има значаен прилив на туристи и жители од Русија. Но, за остварување на аспирациите кон ЕУ, тогаш Црна Гора мора да се прилагоди на политиката на Шенген.