Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цобоски: Не е точно дека Спасески го нападнал Пендиков по национална основа
Македонија

Цобоски: Не е точно дека Спасески го нападнал Пендиков по национална основа

28/02/2023

AA

Не е точно дека Спасески го нападнал Пендиков по национална основа, тоа е исполитизирана работа – изјави адвокатот Димитрија Цобоски, бранител на Илија Спасески, обвинет за физички напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ по денешното прво рочиште. Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази кого било. Сега размислете дали може да биде напад од омраза или пак на овој случај му се дава еден политички акцент, призвук, кој се исполитизира до страшни граници, што е особено штетно за целата постапка. Ова е чисто политичка работа – рече адвокатот Цобоски.

Според него, за одбраната не е неопходно на судењето да присуствува самиот Пендиков, кој по нападот беше евакуиран од страна на официјална Софија.

– Неспорно е дека има повреда, но тој може да патува и да присусутвува на судењето – рече Цобоски.

Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ:

– Неспорно е дека тој не знае кој го удрил отпозади, тој не знае кој го шутирал, вели дека бил тепан 10 минути – изјави адвокатот.

На прашање што бил мотив за тепачката тој рече дека мотивите за кои се товари треба да ги докаже обвинителот.

– Ќе видиме, тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување зошто била тепачката и во текот на постапката ќе го кажеме – рече адвокатот.

Рочиштето за претепувањето на Пендиков се одложи по 20 минути од почетокот, по барање на адвокатите на обвинетиот Спасески да им бидат доставени сите докази со кои Обвинителството ќе докажува вина пред судот. За нив е важно да ги имаат аудио и видеозаписите со кои располага обвинителот, по што обвинетиот Спасески ќе може да се произнесе за вина. Со ова се согласи и судијата Бојан Мартиноски и го закажа следното рочиште за 5 април.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy