
Циркузи: Саудиски клубови ќе играат во Лигата на шампиони?!
Оваа информација за планови на УЕФА, чија ЛШ од идната година ќе биде во нов формат без групи и со 36 екипи, ја објави познатиот италијански портал „Калчомеркато“, повикувајќи се на извори во Нион.
Причината за ваквите размислувања се, сѐ поголемиот број на светски ѕвезди кои одат во С. Арабија, која се расфрла со пари, а Саудијците би влегувале во ЛШ со вајлд-карта. УЕФА на овој начин уште повеќе би го освоил азискиот пазар, ТВ-правата би биле екстремни и сето тоа би донело многу милијарди во касата.
И ова не треба да изненадува, зашто неодамна Александер Чеферин најави преселба на мечеви и во САД, како глобална експанзија на најпопуларното клупско натпреварување, а американски медиуми најавија дека по 2025 година можно е и финале на ЛШ да се игра на американскиот континент.
Годинава во С. Арабија заминаа низа ѕвезди од Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте, Калиду Кулибали, Роберто Фирмино, Марцело Брозовиќ…
