
„ЧОВЕКОТ НЕ ИЗЛЕГУВАШЕ НАДВОР“, ВЕЛАТ СОСЕДИТЕ, ИМАЛО И НЕПОДНОСЛИВА СМРДЕА – најнови детали од ужасот во Нови Сад
Рано утринава во Нови Сад куче пит бул териер нападна маж и му нанесе фатални повреди.
Оваа трагедија ги остави во шок соседите.
“Во шок сме. Синот утрово дошол да го посети татко му, кога влегол видел човек со скинат врат. Кутриот млад човек се исплашил и истрчал надвор викајќи полиција”, ни раскажаа соседите кои го познавале починатиот.
Како што велат соседите, човекот речиси никогаш не излегувол надвор.
„Смрдеата беше неподнослива, колку што знам соседите често се жалеа, дури и се јавуваа во инспекторат поради смрдеата“, вели еден од работниците во близина на зградата.
Како што дознавме, полицијата дошла по барање на станарите од зградата, но човекот не ги пуштил внатре.

