
Човек со огромно срце: Дончиќ ќе го плати погребот на загинатите од масакрот во Белград
Дончиќ преку својата фондација објави дека ќе плати сѐ за испраќањето на вечен помен на жртвите, откако незапаметениот масакр го потресе регионот и светот. Седмооделенец уби осум деца и чуварот на училиштето вчера наутро.
„Поради трагедијата и изгубените детски невини животи моето срце е скршено. Моите мисли се со семејствата на жртвите и со цела нација. Мојата фондација портади овој тежок и немил настан им пружа поддршка на сите семејства, учениците и настаниците на ОУ ‘Владислав Рибникар’“, објави Дончиќ.
