Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧОКОЛАДИТЕ ЛАНИ ГО ИМАА ИСТИОТ УБАВ ВКУС, НО НЕ Ѝ ДОНЕСОА РАДОСТ – како лани се преполови профитот на скопска „Европа“
Економија

ЧОКОЛАДИТЕ ЛАНИ ГО ИМАА ИСТИОТ УБАВ ВКУС, НО НЕ Ѝ ДОНЕСОА РАДОСТ – како лани се преполови профитот на скопска „Европа“

26/03/2025

AA

Зголемени приходи, но речиси преполовена добивка. Чоколадите и
вафлите не и донесоа убав вкус лани на домашната фабрика „Европа“, а од
компанијата во своето образложение напишале дека главни причини за тоа се
зголемените цени на струјата, гасот, суровините, но и зголемувањето на бруто
платите.

Да видиме што говори Билансот на успех за тоа како лани
работела Европа.

Она што е факт, е дека компанијата лани остварила
одлични оперативни приходи, а кои главно се должат на приходите од продажбата
на домашниот и странскиот пазар. И притоа треба да се истакне дека кај
приходите од продажбата има зголемување, но Билансот на успех говори дека има
зголемување и на расходната страна, и тоа поголемо од приходната, што прави да
се намали профитабилноста на ова акционерско друштво.

Или, нето профитот на компанијата е 310 илјади евра, што е намалување за 43 проценти.

Од главниот финансиски извешатај на компанијата се
гледа дека лани „Европа“ Скопје имала вкупни оперативни приходи од дури 15,7
милиони евра, што е одличен прилив и е зголемување за 7 отсто во однос на
претходната 2023 година.

Помали се приходите остварени на домашниот пазар,
наспроти оние од странските пазари, а кај приливите од извоз има и повисок раст.

Имено, од продажбите на чоколадите, вафлите и другите
кондиторски производи на домашните потрошувачи „Европа“ лани инкасирала 7,6
милиони евра, што е сепак подобро од претходната година, во однос на која има
зголемување за 5 проценти.

А, поголем процент на пораст имаат приходите од
продажбите на странските пазари, односно тие се зголемени за 9 отсто,
достигнувајќи ниво од 8,1 милиони евра.

Благо намалување има кај залихите, а пораст има кај
останатите оперативни приходи, и тоа за 36 проценти, но тие се незначителни за
фабрика од таков калибар и изнесувале 109 илјади евра.

Што ни покажува расходната страна.

Од своето работење нашата чоколадна фабрика лани
направила трошоци на сума од 15,2 милиони евра, што во однос на една година
претходно е зголемување за 9 проценти.  

Најголемата трошочна ставка се трошоците за суровини и
материјали, и за нив се направени 8,5 милиони евра, што е зголемување за 12
проценти.

Втор најголем трошок по обем се трошоците за вработените,
кои изнесуваат 3,7 милиони евра и кај нив зголемувањето е за 10 проценти.

Услугите со карактер на материјални трошоци се
зголемени за 7 проценти.

Сето ова довело до тоа Европа лани да има оперативна
добивка од само 282 илјади евра, што е намалување за 53 отсто во однос на
истиот период од претходната година.

Добро е за компанијата што финансиските приходи се
поголеми од расходите, и тие и се зголемиле, додека, пак, финансиските расходи
се намалени и се пониски од приходите, иако тоа само малку влијае на крајниот
резултат.

Па после нивното вкалкулирање добивката од работењето
изнесувала 369 илјади евра, што е намалување за 42 отсто во однос на
претходниот период.

Додека, пак, после плаќањето на данокот нето профитот
изнесувал 310 илјади евра, што во однос на истиот период лани тоа е намалување
за 43 проценти.

„Намалувањето на добивката за 2024 година е како
резултат на зголемување на цените на електричната енергија и гасот, суровините,
како и покачувањето на бруто платите“, објаснија од компанијата во своето образложение.

Исто така, таму напоменуват дека Годишното собрание на акционери на АД
ЕВРОПА одобри пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2023 година на износ од 11.501.700 денари
или 187 илјади евра бруто дивиденда или по акција 50 денари.

„АД
ЕВРОПА на акционерите им исплаќа дивиденда само откако ќе се
исплатат сите обврски на друштвото и трошоци за капиталот. Во досегашното
работење  на АД ЕВРОПА Скопје, водејќи се од начелото на резидуална
дивидентна политика,  на акционерите им исплаќа дивиденда согласно
законски предвидената постапка која во годишниот извештај за 2024година e изрично потенцирана“, се вели во
образложението. 

Од
компанијата велат дека таа не е кредитно задолжена во тековната 2024 година,
што значи дека сите обврски ги сервисира со сопствени извори на средства.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy