Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор
Македонија

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор

20/11/2025

AA

Во Апелацискиот суд во Штип денеска беа спроведени обвинетите за убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир, извршено на плоштадот „Слобода“ во мај годинава. Судот ја разгледа нивната жалба за укинување на мерката притвор, но според информациите од институцијата, притворот им е продолжен.

Следното рочиште пред Основниот суд Штип е закажано за 27 ноември во 9:30 часот, каде ќе им се суди на главниот обвинет – турски државјанин, и на лицата кои му помагале при извршување на делото и обидот за бегство. Основното јавно обвинителство поднесе обвинение на 4 октомври.

Според обвинителниот акт, петмина турски државјани се гонат за учество во убиството. Првообвинетиот, 21-годишник без регулиран престој, се товари за убиство и за неовластено држење оружје. Тој, според обвинението, во Скопје набавил полуавтоматски пиштол со избришени сериски податоци и се договорил да се сретне со жртвата на 8 мај во кафе-бар во центарот на Штип. По краток разговор, го извадил оружјето и пукал шест пати, при што Оздемир починал.

Тројца од обвинетите, иако знаеле за намерата да се изврши убиството, му обезбедиле сместување, логистика и помош при набавка на оружјето, а потоа и превоз до Штип.

Петтата обвинета, според обвинението, по убиството помогнала во обидот за бегство. Друштвото тргнало кон Скопје, но кај патарината „Миладиновци“ забележале полициска контрола. Таа го запрела возилото околу 300 метри пред патарината, овозможувајќи му на главниот извршител да избега покрај автопатот, каде подоцна бил уапсен. Останатите четворица биле запрени на патарината и приведени, иако се обиделе да побегнат.

Обвинителството бара продолжување на притворот за четворица обвинети, додека за петтата жена остануваат претходно определените мерки на претпазливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy