Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧЕТИРИ ЗЕМЈОТРЕСИ ГО ПОГОДИЈА БАЛКАНОТ – за помалку од 24 часа, граѓаните вознемирени
Регион

ЧЕТИРИ ЗЕМЈОТРЕСИ ГО ПОГОДИЈА БАЛКАНОТ – за помалку од 24 часа, граѓаните вознемирени

07/03/2024

AA

Во близина на Маркушевац во Загреб утринава се регистрирани два послаби земјотреси. Првиот се случил во 01:55 часот со јачина од 1,9 степени, а вториот три минути подоцна, во 01:58 часот, со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.

– Првиот беше со магнитуда 1,9, а вториот 2,8. Ова се два во низата послаби земјотреси што се случија во последните денови. Имавме послаб на 1 март, а еден на 6 март кај Кашина, тие беа послаби од магнитудата од 1,7 – објасни Инес Иванчиќ, директорка на Сеизмолошкиот завод на Хрватска.

– Зборуваме за земјотреси кои се очекуваат во сеизмички поактивниот дел. Вакви земјотреси може да има две до пет години по првиот, но се вознемирувачки за граѓаните. Земјотреси не може да се предвидат, но ова е сеизмички активно подрачје – додаде таа.

Што се однесува до свлечиштето на загрепски Пантовчак, вели дека тоа е проблем на Загреб. 

„Може или не се поврзани со земјотреси, можеби се поврзани со поголеми врнежи. Во случај на земјотрес може да се случи такво нешто, како што се случи во Петриња“, рече таа.

И Босна и Херцеговина утрово ја погоди земјотрес, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, и бил во областа околу Мостар.

Снимен е на длабочина од девет километри, а регистриран е околу 7,40 минути.

Засега не се знае дали земјотресот предизвикал материјална штета.

Но тие не се единствените, бидејќи вчеравечер земјотрес е регистриран и во соседна Албанија.

Потресот со јачина од 3,4 степени се случил во 20:59 часот по локално време на oддалеченост од 19 километри од Валона, а на длабочина од 10 километри.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува

20/10/2026
Македонија

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО

20/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46277
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува поквалитетни содржини

20/10/2026

Министерството за образование и наука (МОН) повлекува 33 учебници за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение бидејќи се

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО Жената е приведена и ѝ

20/10/2026

24-годишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако била фатена како управува автомобил со брзина од 142

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив

20/10/2026

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy