
Четири годишно дете повредено во градинка, препратено во штипската болница
Од Јавната здравствена установа Радовиш вчера во полиција е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
-Според пријавеното, со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.