Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чави знае против најдобрите, не му оди со слабите
Спорт

Чави знае против најдобрите, не му оди со слабите

04/12/2023

AA

Барселона синоќа го победи Атлетико Мадрид и ја продолжи серијата добри резултати против најголемите ривали во Ла Лига откако е Чави тренер на екипата.

Интересна е статистиката која ја има 43-годишниот стручњак кој минатата сезона ѝ ја донесе на Барса првата титула по пауза од четири години. Ако се сметаат дуелите со најдобрите екипи во шпанското првенство во последните две години, Чави има над 85% успешност.

Под негово водство, Барселона победи на сите четири натпревари против Атлетико, сите четири против Билбао и трите против Валенсија. Со Севиља, на пет меча има четири победи и едно реми, а единствените два пораза ги претрпе од Реал во четирите меча во кои има и две победи.

Кога ќе се подвлече црта, Барселона со Чави им 17 победи, едно реми и два пораза на вкупно 20 натпревари. Сето ова е уште поинтересно ако се знае дека Барса сезонава загуби бодови од Мајорка, Гетафе, Гранада и Рајо Ваљекано, екипи кои се наоѓаат во долниот дел од табелата во Ла Лига. Да славеше на овие четири натпревари, каталонскиот тим ќе беше лидер на табелата, а вака се наоѓа на третата позиција на табелата со четири бода заостанување зад Реал.
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Тврдењата на СКРМ за непостоење дијалог се

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026

Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy