
Цената на ураниумот на светската берза највисока во последните 16 години
Цената на ураниумот на светските берзи е највисока во последните 16 години Главната причина за поскапувањето на овој метал е постојаниот ризик за снабдување поради заострената политичка ситуација во светот.
Елементот кој првенствено се користи како гориво во нуклеарните централи на Њујоршката берза NYMEX достигна 82,3 долари за фунта (фунта е приближно 450 грама), што е највисока од јануари 2008 година.
Според податоците на Business Insider, вредноста на ураниумот забележа значителни флуктуации ова лето. На 27 јуни неговата вредност почна да паѓа од 56 долари за фунта на 42,5 долари, што беше забележано на 14 август. После тоа, на 24 август се искачи на 58,2 долари за фунта и континуирано се искачуваше на сегашните 82,3 долари за фунта.
Русија има речиси 50 отсто од светскиот удел во преработка и збогатување на ураниум, а главни производители се Казахстан, Канада и Австралија.
