Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија – Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„
Економија

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија – Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

12/12/2024

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница што се
одржува во Виена, Австрија.

Во рамките на
Министерскиот совет на Енергетската заедница на кој присуствуваат министрите
одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска
заедница, се дебатира околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата, како
и теми поврзани со управувањето со водите, живеалишта и дивите птици во насока
на идното воведување на дополнителни законодавни обврски од овие области.

Божиновска во
своето обраќање ја нагласи посветеност на нашата земја на енергетската
транзиција, економската одржливост и климатската неутралност. Беше истакнат
напредокот на земјата во енергетскиот сектор, пред сè во делот на
законодавството и усогласувањето на националната регулатива со европската
легислатива. Министерката ги запозна присутните со интензивните активности на
министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за реализација на
клучни инфраструктурни проекти кои ќе ги елиминираат техничките бариери во
енергетската мрежа и ќе ја зајакнат регионалната соработка.

„Интензивно
работиме на тековната енергетска интерконекција со Албанија, ќе продолжиме да
се поврзуваме со Грција, Србија и Косово и во исто време ќе продолжиме со
модернизирање на нашата електрична мрежа што ќе овозможи понатамошна
интеграција на енергијата од обновливи извори. Овие проекти ќе го стимулираат
економскиот раст и ќе ја зголемат сигурноста во снабдувањето со енергија. Во
исто време, подобрувањето на енергетското поврзување преку интеграција на
националниот пазар на електрична енергија со единствениот европски пазар на
електрична енергија ќе обезбеди стабилни цени,
конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија, така што
со нетрпение очекуваме да продолжиме со спојувањето на пазарот на електрична
енергија што е можно поскоро. Посветени сме да ги спроведеме и климатските
обврски.“ истакна Божиновска во своето обраќање.

На состанокот на
Енергетската заедница заедно со министерката Божиновска, присуствува и Првиот
заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно
планирање, Изет Меџити.

Енергетската
заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на
ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и
Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и
три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е
да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и
постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45834
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски со порака од Гевгелија

27/09/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото ‘Две години работа. Две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy