Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Целески: Ваков срам никогаш не сум доживеал – Охрид ќе го тужи ФФМ!
Спорт

Целески: Ваков срам никогаш не сум доживеал – Охрид ќе го тужи ФФМ!

18/08/2023

AA

Аматерската работа на луѓето задолжени за организација на натпреварувањата под капата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и одложувањето на второлигашкиот меч помеѓу ГФК Охрид и Караорман нецели 24 часа пред неговото одигрувањепланирано за утре предизвика огромен револт кај легендарниот репрезентативен голман, Данчо Целески, кој поради тоа најави оставка на функцијата прв човек на охриѓани.

Тој истовремено најави и тужба против потписниците на оваа одлука и против ФФМ за загубена штета со оглед на огромниот интерес кој владееше за овој натпревар во Охрид и во Струга. Неофицијално, причина за ова е желбата да се сочува стадионот „Билјанини извори“ за мечот на Струга ТЛ против Брандебеик од плејофот во Конференциската лига в четврток, но охриѓани се чудат зошто е дозволен утрешниот меч на истиот терен помеѓу Воска и Вардар, а нивниот морало да биде пролонгиран.

„Неофицијално натпреварот е одложен поради потреба да се чува теренот за Струга ТЛ, но шегата да е поголема поголема Воска в недела игра меч против Вардар во Охрид на ИСТИОТ СТАДИОН! Е сега да објаснат овие агрономи како ние ќе го оштетиме теренот, а Воска и Вардар ќе ја “галат” тревата. Вакво ЛУДИЛО фудбалско не сме доживеале одамна. Наместо да ни кажат со време да го организираме натпреварот на друго место во друго време ние бевме потценати како клуб од Втора лига. ГФК Охрид Лихнидос ги има исплатено сите свои обврски према ФФМ и сите институции во државата. За утрешниот натпревар се организирани карантин, исхрана, навивачки спектакл… Преку 10 илјади евра трошок. Луѓе пристигнати од странство го продолжија својот престој за да бидат присутни на натпреварот и две менаџерски групи (Унгарија и Словенија) се веќе присутни во градот за да го следат натпреварот. По оваа лакрдија, најавувам оставка, а ќе покренам тужба за загубена штета во име на ГФК Охрид против луѓето потписници на оваа одлука и против ФФМ“, се вели во реакцијата на првиот човек на „рибарите“.

Целески кариерата ја почна токму во екипата на Охрид, по што бранеше за Македонија ЃП, Кајсериспор, Нирегихаза и Караорман, а за македонската репрезентација има 22 настапи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42391
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy