Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРСКОТО МНР СЕ ПОЗИЦИОНИРА КАКО РЕЦЕНЗЕНТ НА ИЗЈАВИ, НАМЕСТО КАКО ПАРТНЕР Не се вклучуваме во дневнополитичките наративи на Софија
Македонија

БУГАРСКОТО МНР СЕ ПОЗИЦИОНИРА КАКО РЕЦЕНЗЕНТ НА ИЗЈАВИ, НАМЕСТО КАКО ПАРТНЕР Не се вклучуваме во дневнополитичките наративи на Софија

28/01/2026

AA

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реакција на соопштението на бугарското МНР, изрази жалење што „оваа институција сè почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“.

„Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Бугарија, ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се наведува во реакцијата на македонското Министерство.

МНР ги повика бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и на институционална комуникација, принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.

„Затоа што Европа се гради со доверба и со резултати, не со етикетирања и со политички квалификации“, се додава во реакцијата.

Бугарското МНР денеска преку соопштение изрази длабоко разочарување од, како што наведе, „континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје и недостигот на отвореност во комуникацијата со јавноста“. Според бугарското МНР, манипулативна е изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за иницијативата на поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ да се организира состанок меѓу него и неговиот бугарски колега.

„Ова не е првпат Македонија официјално да изнесува вакви нејасни и манипулативни тврдења. Европскиот консензус од 2022 година беше едногласно усвоен од сите земји членки на ЕУ, како и од самата Република Северна Македонија. Во оваа смисла, уште еднаш го нагласуваме фактот дека дијалогот е институционален помеѓу земјата кандидат и ЕУ. Единствено и исклучиво од Скопје зависи да ги спроведе сите мерки наведени во консензусот, со цел да се унапреди процесот на европска интеграција“, соопшти бугарското МНР.

Во соопштението од Софија се додава дека Бугарија секогаш е подготвена за отворен дијалог за сите други прашања.

„За жал, министерот Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса, во водењето на таков отворен дијалог. Најнов пример за ова е одбиената покана за неговата посета на Софија на 25 ноември 2025 година, за да се одбележи делото на Свети Климент Охридски – значајна историска личност од заедничката историја на двете земји“, соопшти бугарското Министерство.

Во врска со предлозите и оцените дадени од министерот Муцунски за пристапот на Бугарија кон презентираниот нацрт-план за правата на заедниците, од бугарското МНР потсетуваат дека тој бил отфрлен од бугарската заедница во Македонија како неприфатлив „поради отсуство на фундаментални принципи за гарантирање на заштитата на човековите права“.

„Очекуваме да бидат слушнати легитимните барања на нашите сонародници во Северна Македонија“, соопшти бугарското МНР.

Министерот Муцунски вчера посочи дека во текот на минатиот месец имало сериозни иницијативи од неколку земји членки на Европската Унија за организирање средба помеѓу него и неговиот бугарски колега Георг Георгиев. Иницијативите, како што рече Муцунски, дошле од „поголемите и повлијателните“ членки на ЕУ, но од соседна Бугарија немало позитивен одговор.

– Кога ја добивме таа понуда како Влада бевме прашани да предложиме неколку датуми. Рековме не, определете го датумот, нашата делегација ќе биде присутна на такви разговори. За жал, од страна на соседна Софија немаше позитивен фидбек. Тоа што би можел да го кажам е дека и деновиве повторно од Брисел има иницијатива за организирање средба. И повторно ќе кажам, ние сме на располагање – истакна Муцунски во гостување на Сител.

ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на ЕУ го поздравиле Акцискиот план за заштита на малцинствата

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy