Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ КОИ ГИ ДОБИЈА ДРЖАВНИТЕ ТЕНДЕРИ ЗА ГАС – сега ќе продаваат и струја
Економија

БУГАРСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ КОИ ГИ ДОБИЈА ДРЖАВНИТЕ ТЕНДЕРИ ЗА ГАС – сега ќе продаваат и струја

07/02/2023

AA

За краток период
од неколку недели, управителите на бугарската компанија преку која што
Македонија купува гас за скопските топлани регистрирале две фирми со кои што ќе
ги прошируваат своите бизниси во земјава. Според информациите објавени од
телевизија „Телма“, еден од управителите во „Балкан Јутилитис“, Савас
Агапио, преку „Синтез Грин Енерџи ЛТД“ со седиште во Кипар,во земјава
регистрирал нова компанија
„Синтез Грин Енерџи – увоз,
извоз ДООЕЛ Скопје“. Ова
друштво за производство, трговија и услугие основано како микробизнис, а неговото седиште е во скопската општина Центар.

Дополнително,
Агапио заедно со неговиот колега Тони Стефанов Баев, со кој фигурираат како управители во
„Балкан Јутилитис“ регистрирале
уште една фирма, „Балкан
Јутилитис Трејдинг“, преку
која нивната намера е да се вклучат
во македонскиот бизнис со електрична енергија.

„Балкан Јутилитис“ во Бугарија е регистрирана како микропретпријатие, но нејзината работа е испреплетена со фирми кои
што во своето име го содржат зборот „Синтез“, а токму тие во медиумите се
поврзуваат со контроверзниот руски бизнисмен Леонид Лебедев. „Балкан Јутилитис“ е основана во 2008 година, а на адресата на нејзиното седиште во Софија има запишано уште 204
фирми. Во 2017 година дел од оваа компанија стануваат и
Максим Жежов, којшто е поврзан со уште 22 фирми, Савас Агапио
од Грција, кој е сопственик и на фирмата „Виндоус интернешнал“, како и Тони Стефанов Баев, чие име е поврзано со уште седум фирми.

Баев е сопственик и управител на компанијата од која што Македонија за јануари и за февруари купува гас
по цена повисока од берзанската. На 12 септември 2022
година бугарската регулаторна комисија издала решение со кое што одобрува „Балкан Јутилитис“ да отпочне да работи на пазарот со гас, а во овој
документ се наведени и централата Те-То од Скопје, но и компанија од Кипар која што е поврзана со Те-То. Бугарскиот регулатор притоа наведува:

„Подносителот
на барањето планира, покрај на слободниот пазар, да испорачува природен гас на
Те-То електрана во Скопје, сопственост на поврзана компанија на главниот
акционер на „Балкан Јутилитис“ АД, „Синтез Грин Енерџи Кипар“. Електраната е со
инсталирана моќност од 250 MWh и комбиниран циклус со потрошувачка од околу 300
милиони m3 природен гас годишно“.

Токму со „Балкан
Јутилитис“, државната компанија што раководи со скопските топлани, ЕСМ, потпиша
договор за набавка на гас за првите два месеци од 2023 година по фиксна цена,
која што е значително повисока од берзанската. Ако се земе предвид цената на
природниот гас од 1 јануари, што ќе важи до крајот на месецот, пресметано
заедно, за три набавки на природен гас државата ќе плати 916 илјади евра
без ДДВ, односно речиси 1.1 милион евра повеќе со вклучен
данок на додадена вредност. За февруари, простата пресметка покажува дека на
месечно ниво, односно за 28 дена, при нормална потрошувачка од 2200 MWh,
разликата меѓу двете понуди изнесува 1.706.936 евра/MWh. При максимална
потрошувачка од 3500 MWh, разликата изнесува
дури 2.715.580 евра/MWh.

(ПР објава)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy