
БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР ДЕЧЕВ: Има антисрпска политика, поигрување со ВМРО и светоста на тема „Македонија“
Бугарскиот историчар Стефан Дечев вели дека има многу примери од карактеристиките на бугарските колеги историчари во годините на транзицијата кои се однесуваат за темата на Турците, Македонците и односот кон Македонија.
„Доминира национализмот, отвореното несакање на муслиманите и идејата дека Бугарија е опкружена со непријатели. Зборовите излегоа од строго експертскиот терен и тргнаа кон националистички потраги по „бугарската цивилизација“. Има антисрпска политика, поигрување со ВМРО и светоста на тема „Македонија“, вели Дечев.
Во соседна Бугарија има јавни личности кои ја спорат македонската нација и јазик. Бугарија бара и признавање на 15.000 бугарски државјани на Косово.

