
Бугарија утре одржува петти избори во 2 години – во Македонија ќе се гласа на 7 места
Има седум избирачки места каде што можат да гласаат бугарските државјани во Република Северна Македонија.
Тие се во зградата на бугарската амбасада во Скопје и Генералниот конзулат во Битола, како и во Кавадарци, Охрид, Прилеп, Струмица, а за прв пат избирачко место ќе има и во Тетово.
Иако оваа година планирано беше да има гласачко место во Охрид, таму нема пријавено ниту еден гласач.
Во земјава практично немаше изборна кампања, а поднесените пријави за гласање беа 169 – помалку во споредба со оние за изборите во 2022 година, кога пријави за гласање во земјава поднеле 181 граѓанин.

